fbpx
-4.2 C
Skopje

Ако сакате да одите во Германија ОВА треба да го знаете – ете како ќе се однесуваат кон вас

АКТУЕЛНО

Работодавачите во Германија редовно ги искористуваат странците, кои помалку ги плаќаат, ги вработуваат без договор и ги присилуваат да работат прекувремено, а за тоа не се платени, предупредил во средата германскиот Институт за човекови права.

Работодавачите им даваат многу помала плата на странските работници, која во моментов е 8,84 евра бруто по час. Некои мораат да работат и прекувремено, а за тоа да не се платени, или работодавачите ги сместуваат во неприкладни услови, истакнува Институтот кој разговарал со повеќе од десетина странски работници.

Таквите ситуации се чести, истакнува Институтот, во градежништвото, во фабриките за преработка на месо, но и во здравството, пружање усулги како чистење и во угостителството.

Во извештајот се предупредува дека странците често работат без договор, што дополнително им ја отежнува можноста за судска тужба.

Германија во 2015 година прими околу милион мигранти, главно од Ирак и Сирија. Таа одлука на Ангела Меркле беше мета на критики, но работодавачите ја прифатија.

Германија е ветена земја за Македонците.

Европската статистичка служба Евростат објави колку Македонци живеат во Германија.

На први јануари 2019 година во Германија се регистрирани 102.052 македонски државјани.

Во Швајцарија во истиот период лани имало 66.629 наши државјани. Зад неа е Италија, каде што се регистрирани 63.561 македонски државјани. Во Австрија има 23.372 и во Словенија 12.329 македонски државјани.

Но, најмалку македонски државјани во ЕУ има во Литванија (само четворица), Латвија (12) и Естонија (17 лица).

За МИНХЕН

Минхен (германски: München) — главен град на германската покраина Баварија. Градот лежи на реката Изар, северно од Баварските Алпи. Минхен е третиот најголем град во Германија по Берлин и Хамбург и има околу 1,35 милиони жители.[2] Минхен бил домаќин на Летните олимписки игри во 1972.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -