14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ да не ги одложува локалните избори, има шанси за голем триумф!

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен лидер на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски оценувајќи ја актуелната политичка состојба во државата, упати критики за двете најголеми македонски политички партии поради тоа што и дале легитимитет на платформата на албанските политички партии, која според него, претставува негирање и дерогирање на Охридскиот рамковен договор.

„За жал и двете партии наместо да ја одбијат платформата како безпредметна и двете влегоа во суштинска дебата и така и дадоа легимитет, прво ВМРО-ДПМНЕ а потоа и СДСМ без задршка“, вели Георгиевски.

Според него, доколку новата Влада предводена од СДСМ донесе незаконски и неуставни закони постои уставен суд кој ќе ги поништува истите, а народот веќе во мај на локалните избори со историски пораз ќе ги казни.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не смее по никоја цена да ги одложува локалните избори во Мај.

„По никоја цена не треба да ги одложува локалните избори бидејќи има шанса за голем триумф како прв чекор кон новото демократско враќање на власт“, вели Георгиевски.

поврзани објави

Последни објави