Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја промовираше програмата на идната Влада во Република Македонија која како што вели самиот Заев, ќе биде предводена од СДСМ.
На новинарско прашање за платформата на албанските политички партии, за која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го повикува да ја отфрли, како и за тоа дали ќе има двојазични банкноти и униформи на армијата и полицијата во Република Македонија, тој рече дека при консултација со уставните експерти дошле до заклучок дека евентуалната употреба на двојазични банкноти би била спротивна на уставните потреби, со оглед на тоа дека во Република Македонија официјален јазик е токму македонскиот. Правењето разлики во униформите, односно доколку истите би биле на друг јазик, освен на македонскиот не се во согласност на уставните потреби на Република Македонија.
Лидерот на СДСМ рече дека програмата уште денес ќе биде јавно достапна и секој ќе може да види дека таа не само што не го урива, туку го и зацврствува унитарниот карактер на Република Македонија.