ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција по новогодишното обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов. Според партијата, Иванов одлично ги лоцирал проблемите со кои се соочи Македонија во текот на 2016. година.
„Сметаме дека претседателот Ѓорге Иванов сосема точно и прецизно ги лоцираше проблемите со кои се соочи Македонија во текот на 2016 година, како на домашен, така и на меѓународен план, изјави членот на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната прес – конференција по повод традиционалното новогодишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов“.
„ВМРО ДПМНЕ во целост се согласува со ставот на претседателот Ѓорге Иванов дека е недозволиво за политички и лични интереси некој, во недостиг од реална програма да тргува со националните интереси за своја корист. Мора да биде точно лоцирана вината за насилните вандалски протести, за уништување на државен имот, за уништување на културно наследство, за уништување и за деградирање на институции.
И затоа треба да се посочи точно одговорноста кој ја злоупотребува политичката позиција за тргување со националните интереси во предизборниот и постизборниот период“, изјави Милошоски.