6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Имотот на Ле Пен проценет на помала вредност од реалната

Имотот, што го поседува семејството Ле Пен е проценет на помала вредност од реалната, соопштија извори од француската даночна служба,

Како што јави дописникот на МИА од Париз, даночната служба побара преоценка на вредноста на имотот на лидерката на екстремно десничарскиот Национален фронт и кандидатката за француски претседател, Марин Ле Пен, сметајќи дека е подценет, пред се кога станува збор за недвижностите на нејзиниот татко, Жан-Мари Ле Пен.

Се оценува дека постапката за преоценка на имотот би можела да доведе до заклучок дека неговата вредност е за 60 отсто повискоа од пријавената, со што Ле Пен ќе мора да плаќа данок на богатство.

поврзани објави

Последни објави