3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Руте: Нема да го протераме турскиот амбасадор

Премиерот на Холандија Марк Руте синоќа изјави дека неговата влада нема да ги влошува работите и да го протера турскиот амбасадор, нагласувајќи дека е  прерано за посредништво за надминување на дипломатската криза меѓу Холандија и Турција, пренесоа американските медиуми.

Премиерот напомена дека Холандија против Турција веќе презела чекори без преседан, со минатонеделното одбивање да одобри влез на нејзина територија на шефот на турската дипломатија.

Изјаснувајќи се за ситуацијата со британскиот Брегзит, Руте изрази сомнеж за оптимизмот на Британците дека излезот од Европската Унија на Обединетото кралство ќе му донесе блескава иднина и кажа дека тој повеќе ќе му донесе непоправливи штети.

поврзани објави

Последни објави