fbpx
11.8 C
Skopje

Претседателот на ФФМ барал, па се премислил да се тргне селекторот Ангеловски од химната за Европско

АКТУЕЛНО

Репрезентативците Горан Пандев и Илија Несторовски, во изјави за „360 степени“, велат дека се изненадени од ваквото барање на ФФМ, кое го сметаат за срамно и некоректно
За да го превенираат објавувањето на сторијата на „360 степени“, од ФФМ пред малку (околу 17:15 часот) на фејсбук-страницата на фудбалската репрезентација објавија дел од химната во кој се слуша стихот со селекторот Мрме што би требало да значи дека Муамед Сејдини се предомислил.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) нарачала химна со која ќе се бодрат репрезентативците на претстојното Европско првенство. Но, еден стих од песната не му се допаднал на претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, поради што побарал да бидат променет. Станува збор за стихот во кој се спомнува селекторот на репрезентацијата, Игор Ангеловски, со неговиот прекар Мрме. Стихот гласи: „Мрме на чело на црвена армија, те слави Македонија“, а барањето на Сејдини било да го нема селекторот во песната.

Ваквото барање предизвикало револт кај дел од фудбалерите, меѓу кои и кај Горан Пандев и Илија Несторовски. „360 степени“ ги контактираше двајцата репрезентативци, кои велат дека се изненадени од ваквата постапка на Фудбалската федерација и ја сметаат за срамна и некоректна.

Како можат да се дрзнат да го тргнат селекторот или некои играчи од химната, тоа е некоректно и жално. Мислам дека стигнала оваа порака до Федерацијата и мислам дека треба добро да размислат пред тоа да го направат. Но, тоа е за секоја осуда. Ја покажаа нивната некомпетентност, нечовечност. Нема да биде коректно да го тргнат селекторот. Ајде, да ги ставиме тогаш луѓето од Управен одбор во химната, дека тие се најзаслужни што се пласиравме на ЕП. Треба да разберат дека ова е репрезентација на сите, а не нивна“, – вели Пандев за ,,360 степени”.
Извор: ,,360 степени”

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -