Тимот на Челси ита кон титулата во Премиер лигата, а за тоа најзаслужен е Антонио Конте кој одлично го состави тимот и им даде огромна самодоверба на играчите.
Во денешното гостување кај Стоук „сините“ од Лондон славеа со 1:2, со што се зацврстија на првата позиција во однос на останатите тимови.
Лондонскиот тим до победа дојде благодарение на голот на Гери Кејхил во последните минути од средбата, а сето тоа знаеше како да го прослави Антонио Конте.
Веројатно една од прославите која долго ќе се памети во Премиер лигата.
Antonio Conte knows how to party. #CFC pic.twitter.com/o6ijLTC2Hg
— Jared Weiss (@JaredWeissNBA) March 18, 2017