4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Турската влада не успеала да ги убеди германските служби дека Ѓулен стои зад неуспешниот воен удар во Турција

Турската влада не успеала да ги убеди германските служби дека имамот Фетуах Ѓулен, кој што во моментов живее во САД, е одговорен за неуспешниот воен удар во Турција минатата година, изјави денес директорот на BND Бруно Кал.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и официјална Анкара го обивинуваат Ѓулен дека го организирал неуспешниот воен удар на 15. јули минатата година кога загинаа повеќе од 240 луѓе.

„Турција се обиде да не увери во тоа дека Ѓулен стои зад пучот, но досега не успеале во тоа“ изјави Кал во интервјуто за весникот „Шпигл“.

Ердоган и турските власти побараа од САД екстрациција на Ѓулен, кој негира дека учествувал во неуспешниот воен удар.

Кал смета дека масовните отпуштања во Турција би биле извршени и без државниот удар. Од неуспешниот пуч во Турција досега се отпуштени околу 100.000 државни службеници.

Тој истакнува дека неуспешниот пуч бил само „добредојден изговор“ за тие отпуштања.

„Владата започна голема чистка уште пред 15. јули што доведе до тоа поединци во војската да избрзаат со воениот удар“ заклучува Кал.

поврзани објави

Последни објави