Во скопското основно училиште Петар Здравковски – Пенко, 15. годишно момче со нож избол свој соученик, откако се започнало со вербална расправија.
Околу 9 часот продолжило со кавга, при што едниот ученик извадил нож и го избол соученикот. Засега од МВР не соопштуваат иницијали.
Ученикот бил прободен во врат, по што итно бил префрлен во Клиничкиот центар каде лекарите констатирале дека повредата сепак не е опасна по неговиот живот.
Од МВР работат на расветлување на случајот.