fbpx
11.8 C
Skopje

Родители од Дебар и Кочани си ги терале децата да питачат и крадат, добија кривични пријави

АКТУЕЛНО

Против двајца жители на Кочани и Дебар, полицијата поднесе одвоени кривични пријави за запуштање и малтретирање на дете, откако било утврдено дека си ги принудувале децата да питачат и да крадат, соопшти МВР.

„На 14.09.2021 година во ОВР Струга приведена е М.Н.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”. Таа, околу 15.30 часот на улицата „Климетица” во Струга физички го нападнала својот осум годишен син и го присилувала да питачи.

Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи малолетникот бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што бил пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца” во Скопје.

По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -