fbpx
11.8 C
Skopje

ВИДЕО: Ученик го поправи Путин на час по историја – погледнете ја неговата реакција

АКТУЕЛНО

Ученик во основно училиште го поправи Путин на час по историја во врска со тоа каде се борел Петар Велики, а заради тоа беше опоменат од директорот. „Извесната дрскост“ на момчето која ја разбранува цела Русија, не му сметаше на Путин. Тој му се заблагодари на момчето, пишува Нет.

Не беше дрско. Во никој случај не се согласуваме со директорот на училиштето – рече Дмитриј Песков, портпаролот на Кремлин, додавајќи дека „се надева дека ученикот нема да биде казнет подоцна“.

Инцидентот кој одекна на првиот училиштен ден ги „потпали“ опозициските медиуми кои ја критикуваат политиката на Кремлин. Тие ја пофалија ревноста на детето. Кира Арамуш, портпаролка на затворениот дисидент Алексеј Навални, го критикуваше директорот, кој смета дека училиштето не треба да учи факти, туку „послушност и сервилност“.

Во врска со што го поправи момчето Путин? За фактот дека Петар Велики не се борел во Седумгодишната војна, туку во Големата северна војна која траела 21 година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -