fbpx
11.8 C
Skopje

Првиот човек на Виница изврши увид во градежните активности во село Блатец (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Денес градоначалникот на Општина Виница – Ивица Димитров изврши увид на градежните активности кои започнаа во с.Блатец.

Овде се поставува водоводна мрежа во должина од 831м, проект кој е во вредност од 1 523 480 ден. Со ова се завршува 100% водоводната мрежа во Блатец а притоа секое домаќинство ќе биде приклучено на новата водоводна линија.

Градоначалникот Димитров на 21.06.2021год, склучи договор со Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој застапувано од директорот Рамиз Реџепи, кое се обврзува целосно да го финансира овој проект кој е од големо значење за жителите на с.Блатец.

Продолжуваме транспарентно да работиме, за најдоброто за нашата Општина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -