fbpx
11.8 C
Skopje

ОД УТРЕ: Во Македонија ќе има прашина и песок од Сахара

АКТУЕЛНО

Од утре во земјава ќе има прашина и песок од Сахара

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, велат од УХМР.

В текот на викендот ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и на места температурите ќе бидат пониски за неколку степени.

Поради изразеното југозападно воздушно струење, од утре во нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок од Сахара, со што атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде спарно и мачно, информира метеопрогнозерот Славчо Попоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -