fbpx
11.8 C
Skopje

Болницата во Kозле се полни со пациенти, пет деца се на кислородна поддршка

АКТУЕЛНО

Детската болница во Козле се полни со пациенти заболени од ковид-19, а во моментов пет деца се на кислородна поддршка, објави Сител.

Овие деца имаат ниска кислородна сатурација и сите се со сериозна клиничка слика, но нивната состојба е стабилна,

информираат надлежните.

Од дваесетината деца кои лежат во болницата, 15 се на училишна возраст. Малите пациенти имаат наоди на белите дробови и висока температура и се борат за воздух, велат лекарите.

Педијатрите предупредуваат дека овој бран на епидемијата е многу посериозен од претходните, како и дека бројот на приеми и прегледи на деца е зголемен со стартот на учебната година.

Лекарите стравуваат и дека бројот на заразени ученици ќе се зголеми откако децата ќе бидат затворени во училниците оваа есен и зима.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -