fbpx
11.8 C
Skopje

15 денари ќеса? Нека фала, можам да ги понесам (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

По најавите дека од 1 декември едно ќесе во маркет, продавница ќе чини 15 денари, на социјалните мрежи се појавија повеќе фотографии, но и видео во кое граѓаните се шегуваат како би реагирале македонците на тоа.

Па како, ако не вака? Види видео во продолжение:

Вчерашната вест поврзана со ова:

Пластичните кеси кои граѓаните ги купуваат во маркетите од 1 декември ќе чинат 15 денари, за да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината. Ова е во новите измени, откако Собранието денеска го усвои Законот за управување со отпадот, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.

Гласањето за овие четири закони следи откако во август годинава од пратениците беа донесени Законот за управување со батерии, акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во земјава.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -