fbpx
11.8 C
Skopje

Kоронавирусот зеде уште 29 жртви од Македонија, најмалата има само 2 години: Ова е новата статистика за бројот на заразени лица

АКТУЕЛНО

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19:

Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4, Неготино – 3, Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2, Пробиштип и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од: Скопје – 201, Тетово – 39, Гостивар – 37, Куманово – 33, Струмица – 25, Штип и Кичево – по 18, Прилеп и Дебар – по 16, Кавадарци – 15, Свети Николе – 13, Велес – 12, Кратово – 10, Битола – 9, Радовиш и Берово – по 8, Кочани – 6, Виница и Крива Паланка – 4, Ресен, Валандово и Пробиштип – по 3, Гевгелија и Неготино – по 2, Делчево и Богданци – по 1.

Пријавени се 29 починати лица: 13 починати лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 починати лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 починати лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г).

Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Дополнителна информација за починатото 2-годишно дете:

Дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит,некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со COVID-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis.

Направени се 4.384 тестови преку: ИЈЗ-232, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија – 7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–287, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-309, Биотек-332, Систина-85, лабораторија Лаор-170, Синлаб-30, Ремедика-22, Плодност–43, Генеа-25, Никоб лаб-486, ВФВ Медикал-62, Ели Медика-97, Ројал Медика –16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.712.

Досега во Македонија се направени вкупно 1.242.490 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -