fbpx
11.8 C
Skopje

Галовеј: Северна Македонија треба да продолжи со реформите, не за ЕУ, туку за подобар живот на граѓаните

АКТУЕЛНО

Зборувајќи за нашето членство во НАТО, амбасадорката потенцира дека во земјава е донесен и советник со полно работно време кој работи во Министерството за одбрана и со Армијата за да види што може повеќе да се направи за спремноста за НАТО во сите области, а најавува и дека ќе се почне проект во кој со Министерството ќе се работи за реформа на човечките ресурси и администрацијата

Британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј,  во интервју за државната новинска агенција МИА, зборувајќи за евроинтеграциите, порачува дека најважното што Северна Македонија треба да го направи сега е да продолжи со реформите, не за ЕУ, туку за да го подобри животот на граѓаните. „Прво што треба да се напомене е дека Северна Македонија вложи многу труд на реформската агенда, од справување со корупција, владеење на правото. Поради ова, Северна Македонија е членка на НАТО и доби силни препораки за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Отсекогаш силно сме ги поддржувале евроатлантските амбиции на Северна Македонија и сметаме дека земјата-кандидат треба да биде оценувана според критериумите, а амбициите не треба да престанат поради билатерални спорови. Ќе напоменам дека Северна Македонија се покажала како лидер во регионот, а и во поширокиот регион, со нејзиниот пристап кон билатерални спорови. Се надевам дека прашањата ќе бидат решени наскоро, но во меѓувреме, најважното што Северна Македонија треба да го направи е да продолжи со реформите не за ЕУ, туку бидејќи тие ќе го подобрат животот на граѓаните. Тоа е најважно“,, зборувајќи за евроинтеграциите, порачува дека најважното што Северна Македонија треба да го направи сега е да продолжи со реформите, не за ЕУ, туку за да го подобри животот на граѓаните.

„Прво што треба да се напомене е дека Северна Македонија вложи многу труд на реформската агенда, од справување со корупција, владеење на правото. Поради ова, Северна Македонија е членка на НАТО и доби силни препораки за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Отсекогаш силно сме ги поддржувале евроатлантските амбиции на Северна Македонија и сметаме дека земјата-кандидат треба да биде оценувана според критериумите, а амбициите не треба да престанат поради билатерални спорови.

Ќе напоменам дека Северна Македонија се покажала како лидер во регионот, а и во поширокиот регион, со нејзиниот пристап кон билатерални спорови. Се надевам дека прашањата ќе бидат решени наскоро, но во меѓувреме, најважното што Северна Македонија треба да го направи е да продолжи со реформите не за ЕУ, туку бидејќи тие ќе го подобрат животот на граѓаните. Тоа е најважно“, вели Галовеј

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -