fbpx
9.8 C
Skopje

Трик кој има речиси милион прегледи: Поглед со кој ќе ја заведете личноста што ви се допаѓа

АКТУЕЛНО

Велат дека контактот со очи е неопходен кога сакаме да привлечеме внимание кај личноста која нѝ се допаѓа.

Флертувањето често започнува токму со интензивни погледи, а постои и еден трик кој се однесува на тоа како гледаме на личноста што нѝ се допаѓа.

Всушност, резултатите од многу студии укажуваат на тоа дека очите, односно погледот се првото нешто што мажите го забележуваат кај жената.

Една ТикТок корисничка, Софи Роуз, открила дека има трик за поглед кој може инстантно да делува на оној кој ве интересира. Нејзиното видео во кое го објаснува тоа веќе има повеќе од 800.000 прегледи.

Сепак, таа истакнува дека тоа треба да го пробате со некој кој многу ви се допаѓа, но да знаете дека и вие сте ѝ симпатични на таа личност, бидејќи тоа можеби нема да влијае на некого кого првпат го гледате.

Освен тоа, важно е да разговарате еден на еден со таа личност, бидејќи ако сте во група со луѓе, може нема да бидете забележани.

Како изгледа тој поглед:

– погледнете ја личноста во левото око

– спуштете го погледот до усните/брадата

– кренете го погледот до десното око

Ова трае неколку секунди, а всушност, според неа, не е класичен трик, туку покажување наклонетост и позитивен начин на комуникација.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -