fbpx
11.8 C
Skopje

Мистериозен инцидент: Некој физичkи ја оштетил таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

АКТУЕЛНО

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница. Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција, информира Министерството за здравство.

Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата.

Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот, велат од МЗ.

Да потсетиме дека под неразјаснети околности на 8-ми септември се запали модуларната болница во Тетово, при што загинаа 14 лица. Истрагата е во тек, но после овој инцидент се отвораат многу прашањa.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -