fbpx
11.8 C
Skopje

СЕ УРИВА СТАРАТА КОНСТРУКЦИЈА НА СКОПСКА УНИВЕРЗАЛНА САЛА И СЕ ПОСТАВУВА НОВА

АКТУЕЛНО

Почна уривањето на старата конструкција на Универзална сала во Скопје и се поставува нова, во рамките на проектот за реконструкција на концертата сала. Во предниот дел од објектот веќе е поставена новата конструкција и таму во моментов се врши уривањето на старите делови, пишува СДК.МК

Од Град Скопје велат дека за дваесетина дена целиот објект ќе добие нова конструкција, по што ќе почне изведбата на надворешноста и куполата, кои треба да бидат готови до крајот на годинава. Потоа ќе почне втората фаза, односно реконструкцијата на внатрешноста.

Со проектот за надворешноста ќе се задржи постојната форма и габарит, односно ќе се зачувува духот на Универзална. Куполата ќе биде зголемeна и навечер осветлена. Ќе се употребат нови материјали на фасадата за таа да биде енергетски ефикасна, а истовремено се зголемува и противпожарната заштита.

Изведбата на првата фаза, односно на фасадата и покривот, чини 1,8 милиони евра, а градежните работи ќе ги изведува фирмата „Универзал Балкан“.

Универзална сала е затворена шест и пол години, односно од 10 март 2015, кога на партиската трибина лидерот на СДСМ Зоран Заев ја пушти бомбата број 8 за изборни измами. По завршување на трибината на Заев, парче од таванот се откорна и падна врз седиштата. Тоа беше причина да се одложат сите планирани настани во Универзална, а одговорните тогаш одлучија место да го санираат само таванот, да се почека целосната обнова на салата.

Универзална сала е изградена после скопскиот земјотрес како донација на Бугарија и е копија на софискиот циркус

ИЗВОР: СЕ УРИВА СТАРАТА КОНСТРУКЦИЈА НА СКОПСКА УНИВЕРЗАЛНА САЛА И СЕ ПОСТАВУВА НОВА – Сакам Да Кажам (sdk.mk)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -