fbpx
11.8 C
Skopje

Вучиќ откри колку пие дневно: Дециден е – пијан сепак не можете да ме видите (Видео)

АКТУЕЛНО

Ова е тој, а има за него и посебна ракија на која е изгравирано неговото име и презиме

Речиси секој ден пијам чаша ракија, или по некоја чаша вино, но никогаш нема да можете да ме видите пијан. Тоа е нешто од кое што не се срамам, но е дел од животните навики.

Вака претседателот на Србија Александар Вучиќ зборува во однос на неговите секојдневни навики по работниот или за време на работниот ден.

Зборувајќи за тоа како владее со Србија, Вучиќ вели дека секогаш има проблеми, а некогаш не може да се најде најдобро решение за сите работи.

Ние од фамилијата Вучиќ сите се сакаме и сите сме во добри односи. Кај нас тоа е некаков вид на принцип, иако ретко зборуваме за емоциите. Нашиот врв на емоции е кога ќе го прашам братот како се Анастасија и Александар, а тој мене како се Вукан, Данило и Милица.

За нас повеќе емоции од тоа прашање нема, иако за тоа разговараме можеби седум пати дневно, додава тој.

Горд сум на сите мои деца, бескрајно сум среќен што ги имам и многу ги сакам.

Верувам дека тие ќе бидат добри и чесни луѓе, а дали ќе бидат успешни зависи само од нив – додава Вучиќ.

Зборувајќи за тоа кој е најцврст во семејството, вели дека мислел дека најсилна од сите Вучиќ е неговата ќерка Милица, која, како што вели, не ја гледал како дете, ниту се сетил дека плачела на две или три години, или подоцна, што е многу чудно за девојче

Во продолжение едно од најновите интервјуа на Вучиќ каде зборува на многу интересни теми, актуелни за Србија и Балканот

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -