fbpx
11.8 C
Skopje

Сопственик починал откако му ја ограбиле аптеката во Чаир

АКТУЕЛНО

Сопственик на аптека починал синоќа откако му јавиле дека крадци влегле и му ја ограбиле аптеката во Чаир.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 20 часот едно лице со закана со нож влегло во аптека на улица „Џон Кенеди“ и со закана со нож кон вработената, го украл дневниот промет.

Десетина минути подоцна во аптеката дошол четириесетгодишниот сопственик на кого му се слошило. За кратко време дошла Итна помош и со нивно возило е однесен комплекс Мајка Тереза –Кардиологија , каде од страна на лекар е констатирана смрт.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -