fbpx
11.8 C
Skopje

ДАЛИ МАKEДОНИЈА БЕШЕ СЛОБОДНА ЗЕМJA ПРЕД ДА ДОЈДАТ БУГАРИТЕ? Георгиевски вели дека бришењето на „бугарски“ не е негирање на идентитетот

АКТУЕЛНО

За жал, меѓу напаѓачите повторно ги гледаме сите оние исти имиња кои десетици години наназад не дозволуваат ниеден чекор да се направи во однос на зближувањето со соседна Бугарија, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Вообичаено кога зборуваме за компромиси кои треба да ги направиме со нашиот сосед Република Бугарија, противниците на таа идеја го изнесуваат аргументот дека со тоа се негира нашиот идентитет и македонската нација.

Во најновиот став на премиерот Заев за промена на учебниците и насловите на одредени споменици кајшто треба да се избрише зборот „бугарски“ фашистички окупатор не можеме да препознаеме ништо со што се навлегува во македонскиот идентитет ниту, пак, тој се негира, сопшти партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-НП.

„Едноставно се работи за цивилизациски код кој функционира во цела Европа, и е дел од повоената европска политика. За жал, меѓу напаѓачите повторно ги гледаме сите оние исти имиња кои десетици години наназад не дозволуваат ниеден чекор да се направи во однос на зближувањето со соседна Бугарија.

И конечно на крајот сите тие коментатори да ги запрашаме јавно, кога дојдоа бугарските фашистички окупатори во Македонија, дали Македонија беше слободна и демократска или имаше некој друг окупатор во Македонија и кога ќе се осмелат да кажат дека пред таа фашистичка окупација имаше друга окупација која траела 23 години претходно во Македонија“, се вели во партиското соопштение.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -