fbpx
11.8 C
Skopje

Третa доза вakцини за сите над 60 години и здравствените работници

АКТУЕЛНО

Трета доза вакцини за сите над 60 години и здравствените работници

ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА

Националниот комитет за имунизација препорачува трета доза на вакцина против ковид-19, за сите граѓани над 60 години, за сите здравствени работници без разлика на возраста и за сите граѓани кои имаат имунокомпромитирачки проблеми без разлика на возраста, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Третата доза ќе се дава од производителот „Фајзер“, без разлика со која вакцина претходно граѓаните се вакцинирале. Препораката важи и за граѓани кои прележале ковид-19, се вакцинирале, а спаѓаат во наведените категории.

Третата доза треба да се прими најмалку после 6 месеци од втората доза. Граѓаните ќе добијат порака преку „Мој термин“ дека може да се јават за вакцина, а ова би стартувало од понеделник, додаде министерот.

Филипче денес кажа дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250 илјади вакцини „Џонсон“. Таа е единствена вакцина која се дава во една доза.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -