fbpx
11.8 C
Skopje

Заев упати јасна ПОРАKA до Бугарија: Треба да внимаваат со своите потези

АКТУЕЛНО

Јас сум убеден дека проевропските манири и решенија ќе преовладаат и ќе градиме пријателство без да се чепкаат болните работи за народите од двете страни, рече Заев во интервју за ТВ 24

Никој не може да го избрише фактот за тоа кои држави учествувале во фашизмот. Нема дилема за тоа. Во тоа споменување ќе се кажува дека тогашното уредување во Бугарија било фашистичко. Против тој факт не се може, но прашањето е за наративот, дали фрламе тежина на една цела нација или не, кажа премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

„Сепак и бугарската страна треба да внимава со своите потези да не предизвикува негативни чувства кај македонскиот народ. Бугарскиот народ сака да биде пријател со македонскиот народ. Знаат дека тоа е добро и за Бугарија. Јас сум убеден дека проевропските манири и решенија ќе преовладаат и ќе градиме пријателство без да се чепкаат болните работи за народите од двете страни“,

рече Заев.

Тој додаде дека учебниците и спомениците доминантно зборуваат за фашистички окупатор и кај нас и во европските држави. Во духот на европските манири и пријателство се избегнува етничката или националната обоеност на фашизмот.

„Не може политиката ниту да се меша, ниту да ја смени историјата. Историјата е таа, насекаде околу нас е запишана. Треба да се потсетуваме на фашизмот и да се надеваме дека никогаш нема да се повтори. Тоа е зло што треба да се спречува, но нечесно е да се оквалификува една цела нација како фашистичка“,

кажа премиерот Заев.

Тој додаде дека кога се зборува за земјите кои биле фашистички се прави разлика од државите и нациите, па се истакнува Нацистичка Германија или Нацистичка Јапонија, за да не се квалификува цела нација, па дури и во сегашноста како нацистичка или фашистичка.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -