fbpx
11.8 C
Skopje

Ковачевски: Наместо странски инвестиции со 9000 ден. плата, ги помогнавме домашните инвеститори и продуктивната инфраструктура

АКТУЕЛНО

Во Цивил прес студио, заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски ги коментираше критиките на опозицијата во јавноста дека има пад на странските инвестиции, дека се неспоредливи со претходната власт, дека капиталните инвестиции и инвестициите во инфраструктурата не се реализираат, дека власта „шајка не заковала“ и ги довршува цело време нивните проекти.

Ковачевски на тоа потсети дека претходната власт инвестирала во два правци: во 2км во центарот на Скопје (алудирајќи на „Скопје 2014“) и во економските зони, помагајќи инвеститори кои давале ниски плати. Сегашната влада, според Ковачевски, има друг пристап – инвестира во продуктивна инфраструктура и во домашните инвеститори, кои претходно ги немаа погодности како инвеститорите од странство.

„Прво, се инвестира во продуктивни, инфраструктурни инвестиции. Второ, ослободивме еден циклус на инвестиции за компаниите што се од Р. Северна Македонија, што значи дека сите инвеститори беа изедначени. Од 2017 до денес, над 380 компании коишто се македонски имаат искористено државна помош за поттикнување на инвестициите, тие имаат инвестирано во нови машини, во нови објекти и во нови вработени, додека во технолошко –индустриските развојни зони, износот на инвестициите во последните 4 години е поголем од инвестициите коишто беа во претходните 4 години, кога на власт беше претходната гарнитура“, истакна Ковачевски, и додаде дека споредбата за инвестициите што ја прави опозицијата е апсолутно невистинита

Како што посочи заменик-министерот за финансии, дека споредбата е невистинита потврда има и од економисти со факултетски звања кои се креатори на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кои се дистанцирале од концептот на претходната влада.

„Ние сметаме дека ова е вистинскиот модел, каде што ќе се инвестира во пропулзивни дејности, каде што ќе може секој инвеститор да инвестира. Владата на Р. Северна Македонија донесе и интервентен план за инвестиции, вон планот на инвестиции што се финансира од буџетски средства“, истакна Ковачевски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -