fbpx
11.8 C
Skopje

КОРОНАТА НЕМА ВЕЌЕ КАДЕ ДА ОДИ Научник од Оксфорд тврди дека вирусот нема да мутира во опасни варијанти

АКТУЕЛНО

Со децении наназад постојат четири коронавируси и тие постојан о кружат околу нас. Значи, ние живееме со четири различни човечки коронавируси за кои навистина не размислуваме премногу затоа што не се опасни, а верувам дека на крајот и овој ковид-19 ќе стане еден од нив, вели Сара Гилберт, научник од Универзитетот во Оксфорд.

Коронавирусот нема веќе „каде да оди“, а тоа значи дека веројатно нема да мутира во други посмртоносни и поопасни варијанти, смета Сара Гилберт од Универзитетот Оксфорд, која беше дел од тимот кој ја создаде вакцината „АстраЗенека“.

Таа вели дека вирусот станува помалку вирулентен со текот на времето, бидејќи, како што објаснува, тој сега се шири низ популација која е вакцинирана, односно е сè повеќе имуна на него.

– Можно е да се појави уште некоја промена, некој нов вид, односно мутација, но ковид-19 на крајот ќе стане како и сите други сезонски коронавируси кои предизвикуваат настинки и респираторни инфекции. Вирусот не може целосно и постојано да мутира, бидејќи неговиот шилест протеин мора да комуницира со рецепторот на површината на човечката клетка за да може да влезе внатре во неа. Но, ако премногу го промени својот шилест протеин, тогаш нема да може да влезе во клетката. Тоа значи дека нема многу места каде што вирусот може да оди за да го избегне имунитетот – објаснува Гилберт, пренесува британски Телеграф.

Гилберт објаснува дека во моментов вирусот бавно мутира, но од друга страна, пак, појаснува таа, населението постепено развива имунитет и отпорност на заразата.

– Со децении наназад постојат четири коронавируси и тие постојан о кружат околу нас. Значи, ние живееме со четири различни човечки коронавируси за кои навистина не размислуваме премногу затоа што не се опасни, а верувам дека на крајот и овој ковид-19 ќе стане еден од нив. Прашање е колку време ќе биде потребно за да се постигне тоа и какви мерки ќе треба да се прземат за да можеме да дојдеме до таа фаза – објаснува Гилберт.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -