fbpx
11.8 C
Skopje

Oние што фрлaaт ѓубре кај што ќе им текне ќе платат казна од 150 евра

АКТУЕЛНО

Граѓани кои фрлаат ѓубре кајшто ќе им текне ќе платат казна од 150 евра, додека глоба од 50 евра е предвидена за поединците кои не вршат селекција на отпадот или не го одлагаат отпадот во посебните контејнери. 200 евра ќе платат тие што ќе запалат отпадни гуми, масла и друг вид отпад во природата или на патиштата.

Донесувањето на овој пакет од 6 закони е во насока на реформа на законодавството од областа на управувањето со отпадот, што го опфаќа општиот систем на национално ниво регулиран во општиот Закон за управување со отпадот и посебни закони кои се однесуваат на посебните текови на отпадот, ориентирани кон принципите на циркуларна економија и превенција на отпадот, односно реупотреба, преработка и рециклажа.

Минатиот месец беа донесени Законот за управува со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

Од останатите закони поврзани со управувањето со отпад и неговото пакување беше и драстичното поскапување на најлонските кеси во маркетите и продавниците.

Од 1 декември годинава, пластичните кеси ќе се наплатуваат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -