fbpx
11.8 C
Skopje

ДВЕ ВОДИТЕЛKИ СРЕДЕ ЕМИСИЈА ДОЗНАА ДЕКА СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС: Морале веднаш да го сторат ОВА

АКТУЕЛНО

Две водителки на емисијата „The View“ на американската телевизија „ABC“ останале изненадени кога морале да го напуштат студиото среде емисија.

Имено, пред да пристигне американската потпретседателка Камала Харис на интервју, на Ана Наваро и на Сани Хостин им било кажано дека мора да ја напуштат програмата бидејќи се позитивни на коронавирус.

„Вие две ќе мора да излезете за момент“, им рекол глас зад камерата на водителките.

„Се чини дека тука се случува нешто за кое не сум 100 проценти свесна. Може ли некој да ми објасни што се случува?”, прашала третата водителка, Џои Бехар, кога започнал нов блок содржина во емисијата.

Одговорот „не“ го добила најавувајќи го гостувањето на Камала Харис, која на крајот се приклучила во програма од друго студио на „ABC“ во Њујорк.

По блокот реклами, гледачите можеле да видат дека Бехар и четвртата водителка, Сара Хејнс, се префрлени на средината на полукружната маса, додека Наваро и Хостин повеќе ги немало во студиото. Бехар тогаш објаснила што се случило.

„Бидејќи ова ќе биде главна вест во секој момент, Сани и Ана се позитивни на коронавирус. Колку и да се трудиме, вакви работи се случуваат, тие веројатно брзо ќе закрепнат и сигурно ќе бидат добро бидејќи и двете се вакцинирани“, открила Бехар.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -