fbpx
11.8 C
Skopje

Повкусна е од ајвар и малиџано: Оваа зимница им се допаѓа на сите, еве како да ја направите

АКТУЕЛНО

Оваа есен направете нешто повкусно од ајвар и малиџано.

Ова е рецепт за славната ловечка салата.

СОСТОЈКИ:

1 л. доматно пире, 2 кг. пиперки, 500 гр. кромид, 500 гр. морков

100 гр. сол, 100 гр. шеќер, 100 мл. јаболков оцет, 2 лажици магдонос

1 ловоров лист, 1 конзерванс, 100 мл. масло, 6 чешниња лук

ПОДГОТОВКА: Се ставаат кромидот сомелен и доматното пире на оган да крчкаат половина час, а за тоа време се сечат пиперките на коцки и се чистат, се лупи морковот и се сече на кругови, па се меле лукот.

По пола час се додаваат пиперките, морковот и лукот, ловоров лист и се прелива се со масло и оцет, сол и шеќер.

Содржината продолжува после огласот

Еве како да го регулирате крвниот притисок од дома за само неколку дена!
Sponosored by MonadPlug
Се остава од 90 до 120 минути да крчка со мешање, а густината треба да е како за ајвар.

Се трга од оган и се ставаат магдонос и конзерванс, па се меша.

Нека стои 10 минути да се лади, па наполнете во тегли.

Ставете им капак и оставете ги каде што чувате зимница.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -