fbpx
11.8 C
Skopje

Дали свадбите си го направија своето – бројот на позитивни помал, но сепак 17 починати

АКТУЕЛНО

Ако во екот на свадби, концерти и забави имаше над илјада заразени, короанирус сеитуацијата сега се смирува.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 169, Велес и Струмица – по 21, Куманово – 17, Охрид и Кавадарци – по 15, Битола – 14, Штип – 13, Кочани – 11, Свети Николе – 10, Прилеп – 6, Тетово – 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2, Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 222 оздравени пациенти од: Скопје – 118, Штип – 14, Кавадарци – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Кичево – 9, Велес – 8, Кочани – 6, Гевгелија и Ресен – по 5, Кратово и Радовиш – по 4, Неготино и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Гостивар – по 2, Тетово и Делчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Направени се 3.425 тестови преку: ИЈЗ-191, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-91, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово–51, ЦЈЗ Куманово-33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–311, Жан Митрев (Филип Втори)-87, Авицена-176, Биотек-175, Систина-63, лабораторија Лаор-199, Синлаб-12, Ремедика-0, Плодност–46, Генеа-5, Никоб лаб-384, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-49, Ројал Медика –25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.413.

Досега во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -