fbpx
6 C
Skopje

Постигнат нов светски рекорд – студенти од Македонија направија шопска салата тешка над 300 килограми

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Постигнат е новиот светски рекорд во подготовка на шопска салата. Тешка е над 300 килограми, а ја правеа околу 30 студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика при универзитетот „Гоце Делчев”-Штип, средношколците од угостителската струка од СОУ „Коле Нехтенин” и вработените во ресторанот „Канал 77″-Штип.

Универзитетскиот професор Нако Ташков рече дека Штип надалеку е прочуен по пастрмајлијата, а сега и по новиот светски рекорд во подготовка на шопска салата.

– Имаме над 100 килограми домат, над 100 килограми краставички, 50 килограми сирење, пиперки, кромид, масло за јадење од нашиот „Бисер”, кој е спонзор, и од штипски „Брилијант” односно „Витаминка”, рече Ташков.

Студентката на туризам Ивана Ѓорѓиева рече дека жирито им дало инструкции – најпрво продуктите ги измиле, излупиле и ги исечкале, а професорите ги ределе во садот-казан за да ја собере целата салата.

За да биде се регуларно, подготовката на салатата ја контролираше тричлено жири, составено од врвни готвачи-професионалци и претставник од Агенцијата за промоција на туризмот. Нивна задача беше да ја проценат тежината, но и квалитетот.

– Јас сум и Гинисов рекордер во правење течен грав во штипското село Сарчиево. Овој регион е наклонет кон рекорди и чест ми е што сум и денес дел од овој настан и со овие млади луѓе, рече Љупчо Гиевски, претседател на жири-комисијата.

Членот на жирито Марк де Јонг ги повика присутните да пробаат од салатата.

– Сите се добредојдени да пробаат од салатата, а добра салата оди со добра ракија. Има околу 330-340 килограми шопска, па вие проценете колку ракија ќе треба, рече Де Јонг.

Шопската салата, која со над 300 килограми и е новиот светски рекорд.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ХОРОСКОП Љубов: ќе бидете одвоени од партнерот

ЉУБОВ: Ќе бидете одвоени од партнерот, но тој многу ќе ви недостасува. Ова ќе биде краток период. ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате. Бик (21.04 – 21.05) РАБОТА:...

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...

НАЈНОВА ТАЖНА ВЕСТ: ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТE НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА KOPOНАВИРУСОТ ВО ХРВАТСKА

Десетгодишно дете почина во текот на ноќва на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, како последица од koвид-инфекција. Момчето е најмладата...

Вo браk бea 70 години и во само три минути заедно починaa од kоронавирус За три дена требаше да ја примат ваkцината

Сопружниците Дик и Ширли Мик почиnаа од kоронавирус три дена пред да ја примат ваkцината против вирусот, а тие се во брак 70 години. Според...
- Advertisement -