fbpx
11.8 C
Skopje

ПОУЧЕН АМАНЕТ КОЈ МОРА ДА СЕ ПРОЧИТА: Не дозволувајте парите да бидат повредни од вас

АКТУЕЛНО

Ова прекрасно литературно дело на поетот Енес Кишевиќ поради универзалните вредности на поракитe, читателите ја нарекоа света Повелба на сите ќерки и синови на Светот. …

Ќерки и синови мои, Не делете се во куќата која ви ја оставам, таа и после вас ќе остане. Спомнете си со ручекот, дека уште некој ќе јаде од тие садови. Устата отворајте ја еднакво за вистината како што ја отворате и за леб.

Не дозволувајте парите да бидат повредни од вас. И кога паѓате во кал, паѓајте како сонце. Бидете добри кон водата: спомнете си за Мајчината утроба која со вода ве донесе на овој свет.

Спасете го зракот на својот технички ум, бидејќи го нема тој иузм кој ќе ве научи да живеете без зрак. Хранете со љубопитност. Хранете со убавина. Хранете со љубов. Патувајте. Говорете го јазикот на народот меѓу кој ќе се најдете, но враќајте им се на корените како потоците на својот извор. Допирајте ги своите зборови со раце. Не отуѓувајте се од природата.

Правете и добро и нејзе и на луѓето. Спомнете си: дека дојдовте од ништо, дека во ништо и се враќате, и дека ништо не е подрагоцено од животот кој во трајно наследство му го оставате на светот. И не жалете за мене. Жалете за моето незнание, Доста земјата ме хранеше, сега е време јас земјата да ја хранам.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -