21.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Повик до сателитските патриоти

Повик на еден револтиран граѓанин

Ги повикувам сателитските патриоти од КаМбера, Ванкувер (мислам на градот, не мислам на пратеникот), Сиднеј, Њу Џерси и нормално нашите од Перт, да си го глеат Иселеничкиот џубокс (ако се уште го емитуваат), да си ги поздравуваат Пеце од село Оморани, Димче Врткало од село Пашино Рувци и ред други знајни и незнајни херои, но да прекинат да ја распалуваат реториката во врска со ситуацијата во Македонија.

Одвратно е да седите таму и отдалеку да го рчкате огнот. Пратете ги вашите синови да гинат овде, па после јадете лајна за патриотизам. Вчера одбележавме 2 години од загинувањето на 8 македонски полицајци. Никој не знае зашто загинаа!!! Вие уште за Александар се палите, за Клеопатра дека била Македонка се удирате во гради. Дај сменете ја травата или ако сте на „бонбончиња“ директно сменете го дилерот. Не иде вака драги сателитски патриоти. Идете во Македонија само за одмор, оти нели од Канада се скапи картите, ама целогодишно серете.

Прееска пак гледам како еден долгогодишен емигрант во Австралија, ја повикува Русија да дошла да не спаси!!! Да не спаси од што??? Од Шиптарите!!! Па јас познавам едно десетина шиптари на кои можете само да им завидувате на македонскиот патриотизам. Живеат во Македонија, работат во Македонија,плаќаат високи даноци во Македонија, дават леб на луѓе од Македонија, не сакаат да има војна во Македонија (за разлика од вас, со чест за исклучоците). Не сакаат да има војна оти, Македонија не им е разгледница затисната на некоја рамка од слика, туку им е домот и тука имаат синови, браќа, братучеди и другари, кои не сакаат да бидат закопани, за некој друг да калапи пари.

Смирете ги малку страстите, терајте си го магаренцето, собирајте си се во вашите импровизирани дискотеки, викајте си пејачи од овде. Плачете слободно по Македонија. Таа вас не ве остави, вие неа ја оставивте и немате право да ја зацрнувате со вашите оболени мозоци.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -