fbpx
11.8 C
Skopje

Повторно хаос кај Скопјанка: Се запали станот со пелените

АКТУЕЛНО

По хаосот кој настана во Скопјанка откако во зградата која беше евакуирана пред неколку дена беа пронајдени пелени кои стоеле со месеци, кои ширеа неподнослива миризба, се случи нов хаос.

Имено, заборавено тенџере во истиот стан во кој беа пронајдени пелените на булеварот Кузман Јосифовски питу Скопјанка предизвика пожар, а интервенирало 1 возило со 3 пожарникари и брзо бил изгасен, па за среќа повредени нема.

Направена е штета 9 000,00ден.

Претходно По пријава на градоначалникот Петре Шилегов, тим од Центарот за социјална работа Скопје направил увид во станот во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром и констатирал дека таму живее сама 65-годишна жена, која е сопственик на станот и корисник на пензија.

Таа имала и ќерка, која не живее со неа, но согласно Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа.

– До месец јануари оваа година со неа живеела нејзината 90-годишна мајка која починала. Социјалните работници не се стручни да дадат мислење за здравствената состојба на жената. Во однос на социјалниот аспект констатирано е дека жената има ќерка која согласно со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа и според нејзина изјава повремено ја посетувала мајката. Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост. Согласно Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот – се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Посочуваат дека со оглед на целокупната состојба стручен тим од ЦСР Скопје од Службата за заштита на стари и возрасни лица е на терен за да изврши разговор со ќерката и да и укаже на нејзините обврски согласно со Законот и остварувањето на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека социјални работници и во иднина ќе го следат случајот.

– Исто така, сакаме да известиме дека во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во изминатиот период во врска со ова немало никаква пријава за постапување и излегување на терен – се додава во соопштението.

Од МВР претпладнето за МИА информираа дека е исчистен станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба.

Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за здравство – Центар за јавно здравје, Дирекцијата за заштита и спасување.

Од МВР информираа дека синоќа околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj 1 на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и оти претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец. Излезено е на местото на настанот, при што е констатирана силна непријатна миризба.

– Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде живее со нејзината ќерка и двајца внуци – велат од МВР.

Непријатна миризба од употребени пелени беше причината за евакуација на жителите од зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром. По извршената дезинфекција и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -