fbpx
20.8 C
Skopje

ПОЖАР НА ПАРКИНГ: Целосно изгоре „Застава“, настрадале „Форд“ и „Југо“

АКТУЕЛНО

На паркинг на улицата „Боро Менков“ во населбата Скопје Север од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило Застава на непознат сопственик, кое било оставено подолго време на паркингот.

Од пожарот, возилото целосно изгорело, а биле опожарени и патничко моторно возило „Форд Ескорд“ со скопски регистерски таблици сопственост на Б.Л. од Скопје кое било опожарено од левата страна и патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици сопственост на Л.А. од Скопје кое било опожарено од десната страна.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -