fbpx
25.8 C
Skopje

Пожар во Охрид – изгоре семејна куќа

АКТУЕЛНО

Изгоре приземна семејна куќа во пожар во Охрид, кој избувнал на улицата „Даме Груев“, во населбата Карабегомала. Во целата несреќа, среќа е што нема жртви, бидејќи лицата навремено забележале и го напуштиле објектот.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица во Охрид, пожарот се случил околу 14:30 часот. Пламенот започнал од кровот да се шири, по што изгорела цела куќа.

Пламенот бил локализиран за време од 15. минути, при што било спречено проширување на пожарот кон околните објекти. Утврдено е дека пожарот настанал поради неисчистен оџак.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -