11.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

Пожар во Велес – изгоре куќа, жртви нема

Синоќа се случувала вистинска драма на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“, во велешкото маало Којник, каде избувнал пожар, при што се запалила куќата на брачниот пар А.М. и И.М.

Според информациите кои се пренесуваат, целосно изгорела кровната конструкција од куќата, а покрај неа, се запалиле уште две соседни куќи.

„Ова се случи пред 19 часот. Едниот од членовите на фамилијата бил на приземје, па воопшто не забележал дека има пожар. Него го инфомирале соседите“, велат луѓето кои се најдоа на местото на настанот.

Поради голем број на паркирани возила, потешкотии за пристап имале противпожарните возила, а во гаснењето на пожарот учествувале и десетина пожарникари.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави