Министерството за здравство информира дека тестот за коронавирус на претседателот на политичката партија СДСМ Зоран Заев е негативен.
Во 17:45 часот, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ќе ја одржи редовната прес-конференција. Сепак и покрај оваа одлука веројатно е дека лидерите на СДСМ Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе останат во изолација наредните 15 дена.
Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.