fbpx
28 C
Skopje

Познати целосните состави за „Ол стар“

АКТУЕЛНО

Пред неколку денови беа објавени почетните состави, додека денес се познати и целосните состави со кои источната и западната конференција ќе се сретнат една против друга на Ол стар викендот.

Во тимот на Истокот, во почетната петорка ќе бидат: Кајри Ирвинг, ДеМар ДеРозан, Џими Батлер, Леброн Џејмс и Јанис Антетокоунмпо. На клупата пак ќе се најдат: Ајзеа Томас, Џон Вол, Кајл Ловри, Кемба Вокер, Пол Џорџ, Пол Милсап, Кевин Лав.

Многу дилеми имаше за почетната петорка на Западот, каде Вестбрук ќе остане на клупата. Почетен состав: Стеф Кари, Кевин Дурант, Џејмс Харден, Каваи Леонард и Ентони Дејвис. На клупата ќе бидат: Расел Вестбрук, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин, ДеМаркус Казинс, Марк Гасол, ДеАндре Џордан, Гордон Хауард.

Ол стар викендот на програмата е на 19 февруари, а ќе се одржи во Њу Орлеанс.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -