fbpx
14.8 C
Skopje

Познатиот “Бали Бег” ги изненади сите со својот нов изглед (фото)

АКТУЕЛНО

Бурак Озџивит, популарниот турски актер го промени својот изглед.

Актерот кој се прослави во улогата на Бали Бег во мега популарната серија “Величенствениот”, често го менува својот изглед, но овој пат ги изненади своите фанови.

Бурак ја скратил својата брада а неговата коса е видно порасната.

Дел од фановите се воодушевени од неговиот нов имиџ, но многумина се прашуваат дали можеби поради состојбата во која се наоѓа одреден период, тој го занемраил и својот надворешен изглед.

Да потсетиме, Озџивит се повлече одреден период од јавноста а причината, како што навде е неговата моментална психичка состојба.

Наводно актерот страдал од депресија.

Бурак Озџивит , познат по улогата на Бали бег во серијата ,,Сулејман Величествениот” поминува низ многу тежок период во животот. Актерот во последно време страда од тежок облик на депресија . Според турските медиуми , по загубата на татко му , кој му бил пример во животот , сега е болен и неговиот таст. Озџивит повлекувањето од сцената го најави на социјалните мрежи .

,, Се чуствувам депресивно . Ми треба одмор и секако наскоро нема да ме видите да работам .” , порача популарниот Бали бег. Медиумите во Турција пишуваат дека Озџивит во последно време е непрепознатлив , а како причина се спомнува ,,синдромот на согорување”.

На неговата лоша состојба придонесоа и деловните неуспеси , како и семејните драми. Затоа , Бурак решил да се повлече од јавноста и да оздрави во друштво на својата сопруга , актерката Фахрије Евџен.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -