fbpx
14.8 C
Skopje

Познатиот пејач на Гранд повикан во полиција поради кражбата во домот на Саша Поповиќ

АКТУЕЛНО

Пејачот Дејан Чирковиќ Чира и жената М.П беа сослушани како сведоци за истрагата против Војислав Стојќиќ, за кој се сомнева дека е одговорен за кражбата во домот на директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ.

На денот на кражбата, Чира бил во домот на Поповиќ, а М. П е куќната помшничка на семејството.

„Чира кажа дека од домот на Поповиќ со сопругата заминале на концерт, како и дека не заклучич бидејќи мислел дека децата се дома. Потоа кажа дека по излегувањето од дворот ја затворил вратата која автоматски се заклучува“, вели извор кој е добро известен за случувањата.

Тој истакна дека била сослушна и куќната помочничка на Поповиќ која тврди дека од вилата излегла пред Чира.

За потсетување, од домот на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ беше украден накит и часовници во вредност од 100 000 евра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -