21 C
Skopje

Познато од каде заболел новинарот кој ги стави во самоизолација Мицкоски и Заев

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Во семејството на новинарот кој е позитивен на коронавирусот има член кај кој е потврден вирусот. Новинарот имал контакт со тој член од блиската фамилија, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова.

„Во блиската фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен. Новинарот имал контакт со тој член од неговата фамилија, меѓутоа за детални информации кој, каде и кога ќе биде ставен во евентуална самоизолација ќе следува по спроведената анкекта од Центарот за јавно здравје, која во моментот е во тек“, истакна Сотирова на прес-конференцијата во Владата.

Таа информира дека е завршен и инспекцискиот надзор во Домот за згрижување на возрасни лица „Су Рајдер“ во Битола.

Донесени се сет на повеќе од 12 мерки што треба да ги спроведе Домот за згрижување на стари лица меѓу кои изолација на луѓето кои биле во контакт со заболениот, дезинфекција на просторот и немешање на персоналот кој работел на тој оддел со останатите оддели.

Сотирова информира дека заболеното лице е примено во Домот на 18 март, а претходно на 11 и 12 март имал контакт со внука која допатувала од ризична земја. Симптомите кај лицето се појавиле на 2 април, по што веднаш е тестиран и на 4 април е добиен позитивен резултат. Лицето е хоспитализирано на Инфективното одделение во Битола и според последните информации е во добра здравствена состојба.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -