18.1 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја демантираат Исмајлоска: Ова се дрски лаги и обид за замајување на јавноста

По вчерашната изјава на Нола Исмајлоска со рекација се јавија и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде ги демантираа, како што велат лагите и невистините на пратеничката Исмајлоска.

Во продолжение Ви го пренесуваме интегрално соопштението на пратеничката група:

Избори се ближат. Падот на оваа власт е се поблиску и е поочигледен. Стравот кој владее кај Зоран Заев и СДСМ станува се поголем и поголем и токму затоа пропагандата и ширењето на лаги, невистини и манипулации против ВМРО-ДПМНЕ е пуштена на најјако.

Црната кампања на СДСМ веќе оддамна е започната. Немајќи со што да се пофалат и да покажат дека нешто сработиле за своите граѓани, тие одлучуваат секојдневно да го замајуваат и манипулираат народот. Но народот гледа и знае кој, зошто и за кого одработува токму во овој предизборен период. Токму затоа, тоа нема да им успее.

Имено, најостро ги осудуваме и демантираме лагите и невистините кажани во текот на вчерашната емисија „360 степени“ на ТВ Алсат.

Ние како пратеници нема да дозволиме и силно ќе се бориме против машинеријата за ширење на лажни вести на СДСМ за да се изнесуваат вакви груби лаги и манипулации кои имаат за цел да внесат конфузија кај македонската јавност во период кога се наближува 12ти арпил, денот кога ВМРО – ДПМНЕ ќе оствари голема победа, а Заев и СДСМ неславно ќе заминат од власт.

Од нас како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, но и од сите останати кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ секогаш било барано да прифатат само два принципи, и тоа:

првиот, секогаш да ја почитуваат изборната програма врз основа на која гласачите им ја дале довербата и честа да бидат народни претставници и пратеници во Собранието на Република Македонија, и второ, секогаш да ја почитуваат волјата на народот изразена на законски организиран референдум.

Оттука, секој пратеник од нашата пратеничка група, како и гласачите, така и целата македонска јавност најдобро знаат кој ја оправдал доделената доверба на народот, а кој го изиграл и ја злоупотребил неговата доверба.

Затоа, уште еднаш апелираме и ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на вакви провокации, дрски лаги и манпулации и бараме во иднина некои политичарите своите политички одлуки, потези и совест да ги правдаат преку свои факти и аргументи, а не преку грбот на своите сегашни и поранешни колеги и сопартијци користејќи вакви дрски и навредливи методи.

Сепак, на крајот од денот, секој со своите постапки во и надвор од Собранието на Република Македонија, покажа и покажува за што се залага и бори, а македонската јавност тоа будно го следи и многу добро го знае.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.