fbpx
5 C
Skopje

Пратеникот Костовски од Куманово превезе 70 патници од Куманово до Скопје

АКТУЕЛНО

Околу 70 кумановци се одѕваа на идејата „Патувај со пратеникот“ на Мартин Костовски пратеник од СДСМ. Тие му давале идеи, предлози го критикувале, но и заштедиле пари за превоз.

Пратеникот информацијата ја сподели на Фејсбук каде што напиша дека за 22 работни дена со него до Скопје и назад пативале околу 70 кумановци.

Неговите пресметки се дека кумановци заштедиле меѓу 8 000 и 9 000 денари за превоз, а тој како пратеник слушнал многу идеи, сугестии препораки и критики.

Некои се потсмеваа со идејата(ама ако, ние сме Кумановци и мајтапчии, од моја страна нема лутење).
Суштина на идејата е – да најдеме било каков начин, во работното време, по работното време, приватно, службено или било како да помогнеме. Некогаш и малку помош е помош. Да најдеме начин да помогнеме, не причина да се оправдаме за наше непостапување. Ние продолжуваме да патуваме и дружиме со кумановци #ПатувајСоПратеникот“, напиша Костовски на Фејсбук.

Пратеникот пред еден месец ја сподели со јавноста идејата да ги превезува со сопствен автомобил кумановци до и од Скопје.

Идејата, како што изјави тогаш пратеникот, му беше да им врати дел од парите кои граѓаните преку плаќање даноци ги даваат за патните трошоци на пратениците.

Пратеникот секој ден со автомобилот застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, и секој кумановец кој има потреба да патува во Скопје и зака да патува со него го превезува до Скопје бесплатно.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -