fbpx
7.9 C
Skopje

Пратениците расправаат за зголемување на минималната плата

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Собранието на Република Македонија денеска ја почна расправата по Предлог-законот за зголемување на минималната плата со кој официјално треба да започне исплатата на минималната плата во износ од 12.000 денари.

За таа цел, месечно ќе се одвојуваат 1,5 милиони евра буџетски средства со кои ќе се поддржуваат компаниите да го исплаќаат овој износ на минимална плата.

Зголемувањето на минималната плата ќе се однесува на сите работници, односно таа ќе треба да биде исплатена и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки.

За збор по оваа точка од дневниот ред пријавени се околу 35 пратеници.

Според пратениците од опозицијата, со предлог законот се дерогира Изборниот законик и се носи популистичко решение кое нема да има никакви ефекти на среден и на долг рок. Предлог-законот, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, е наменет за предизборни цели и се очекува дека со неговото донесување работниците кои ќе добијат покачување на минималната плата ќе гласаат за СДСМ на претстојните избори.

Пратениците од парламентарното мнозинство ги негираа обвинувањата, истакнувајќи дека предлог-законот не е предизборен политички маркетинг, туку оти како лево ориентирана партија предлагаат закони кои имаат социјална димензија. – Ако законот не е издржан, зошто не поднесовме ниту еден амандман да го подобрите текстот на законот, праша Васко Ковачевски од СДСМ. Големиот број пријавени пратеници од опозицијата за збор, според СДСМ, е со цел да се одоговлекува донесувањето на овој закон.

На почетокот на денешната седница беше дадена пауза од половина час по барање на Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ кој побара поддршка за два нивни закона. По паузата, координаторот на СДСМ Томислав Тунтев од собраниската говорница појасни дека согласно мислењето на Министерството за финансии и на Владата, двата закона предложени од ВМРО-ДПМНЕ се неприфатливи поради сумите кои се потребни за нивна реализација и поради тоа што материјата што ја третираат, се разработува во дел од законите од владината политика.

Во рамки на 12. седница денеска беа донесени измените на Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина.

Расправата по оваа точка продолжува по редовната едночасовна пауза, а на дневен ред се и предлог – законите за решавање на статусот на стечајните работници и за укинување на радиодифузната такса. На дневен ред се и предлог законите за зголемување на платите на вработените во јавната администрација, за издавање вредносни бонови – ваучери и измените на Законот за извршување, поднесени од опозицијата.

Извор: Сител

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Kовид резултати: Бројката на починaти денес е двоцифренa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-179, Куманово-24,...

Доктор објави фотографија како изгледа “корона јазик” (фото

Прочитај повеќр во продолжение Епидемиологот Тим ​​Спектор од Универзитетскиот колеџ во Лондон е лидер на научна студија која се занимава со симптоми на коронавирус, а...

Што се Бајден отстрани од Овалната соба? Исчезна и црвеното копче од масата на Трамп кое служело за да може да си нарача кока...

Новиот претседател на САД не губел време на отстранување на сето она кое може да го потсетува на неговиот претходник Доналд Трамп. Освен што...

Што значат зборовите на вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ? Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата

Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата, не мислам дека тоа е невозможно да се случи, да почекаме, изјави вечерва генералниот...

Го прашаа Шилегов дали има нарушени односи со премиерот Заев: Неговиот одговор е едноставен

Водителот на емисијата „360 степени“ го праша скопскиот градоначалник Петре Шилегов во какви односи е со премиерот Зоран Заев и дали е вистина дека...
- Advertisement -