fbpx
13 C
Skopje

Пратете по еден фрижидер и прекинете да се лупате во гради со вашиот сателитски патриотизам

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

„Нашите“ од Канада се јавија.  Во недела (19.11.2017) ќе се „мобилизирале“ и „ќе донеселе одлуки против предавничката влада“. Пред малку пак, еден мој близок другар ми прати видео од едни луѓе влезени во евтин арканов филм, со маици, со капи, со марами со сѐ. Тие пак проколнуваа. Да ти е срам да кажеш нешто против Заев и неговата команда, оти ако кажеш ќе те стават во ист ќуп со овие патриотиве (едниве на дистанца и со фрижидери по дома и другите, кои пак претерале со гледањето на VHS касетата од свадбата на Цеца и Аркан).

Истите тие „патриоти“ никакви ги нема да се јават, тогаш кога скопска пивара мора да донира инкубатори за Клиниката за гинекологија. Ништо не зуцнале за лошите услови во македонските болници. Не ги слушаме да кажат нешто за понижувачките плати на докторите и просветните работници. Не отвориле уста за фактот дека се претворивме во место каде криминалците се фацки од најелитна сорта, а чесните луѓе се клошари кои работат од утро до вечер за да сврзат крај со крај.

Веќе ни на мене (а имам огромен праг на толеранција) не ми е забавно кога ги гледам загубените во просторот и времето сателитски патриоти, кои има нема и туку ќе се јават со по некој бисер.

Драги наши, дај оладете со муабетиве. Се знаеме кој од каде е и кој колку вреди. Не се сеќавам да сте дале некаков паметен предлог во врска со подобрувањето на животот во Р. Македонија? Не се сеќавам некоја практика од Канада (вашата втора татковина), да ја имате предложено за да го направите животарењето на вашите „браќа“ од Републикава, барем за нијанса поподносливо.

Се појавувате од ништото, за да ни ја покажете тежината на содржината во вашите глави, со некој напумпан како цицките на некоја од вашите омилени фолкерки слоган и после се враќате пак таму во ништото. Терајте си го филмот на второ колено Македонци и прво колено Канаѓани и остајте не на раат нас нормалниве, барем да не се срамиме кога ќе се наречеме или почувствуваме патриоти.

Дали знаете колку апели за помош за лечење на деца, се појавуваат неделно на социјалните мрежи и во медиумите? Дали знаете на колку деца може да се помогне, ако пратениците во македонското собрание почнат да одат на работа со автобус? Не знаете, затоа што не сте кажале ништо по таа тема, инаку многу поболна и од тиранската платформа и од договорот со Бугарите. Поболна дури и од преговорите со Грција, бидејќи барем според мене, нема ништо гордо во тоа да лупаме во гради со имиња додека нашите деца умираат. Не ги следите вие тие работи изгледа, затоа онака како Македонец, ќе ве замолам, ако немате да кажете нешто во врска со навистина болните теми, што ја мачат македонската јавност, најдобро е да ни пратите по еден фрижидер (пошо ние си немаме) и да прекинете да се лупате во гради со вашиот сателитски патриотизам.

Пишува: Батко Тане

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сeстратa нa Тоше 14 години прави една иста работа на овој ден од овој детаљ на роденденската торта ќе ви надојдат солзи (Фoто)

Да беше жив денеска најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 40 години. Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови...

ХОРОСКОП Љубов: ќе бидете одвоени од партнерот

ЉУБОВ: Ќе бидете одвоени од партнерот, но тој многу ќе ви недостасува. Ова ќе биде краток период. ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате. Бик (21.04 – 21.05) РАБОТА:...

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...

НАЈНОВА ТАЖНА ВЕСТ: ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТE НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА KOPOНАВИРУСОТ ВО ХРВАТСKА

Десетгодишно дете почина во текот на ноќва на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, како последица од koвид-инфекција. Момчето е најмладата...
- Advertisement -