fbpx
-0.5 C
Skopje

Право на глас имаат 1.814.644 гласачи

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

На престојните локални избори 2017 година кои ќе бидат спроведени на територија на Република Македонија, право на глас имаат 1.814.644 гласачи.

Во изводите од избирачкиот список запишани се 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

На престојните локални избори учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи. Вториот круг на локалните избори е закажан две недели подоцна, на 29 –ти октомври.

Во Државната изборна комисија пак за изборите досега се акредитирани 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи. 2.843 најголем број од набљудувачите има од невладината организација МОСТ. Од странските, најголем број набљудувачи има мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 198. Набљудувачи има акредитирано и канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Кралството Холандија, Италија и Словачка во Македонија. Исто така во Државната изборна комисија акредитирани се и 294 преведувачи.

ДИК го објави и упатството за гласање на локалните избори со цел граѓаните подобро да се едуцираат како можат да го искористат своето право на глас.

Утре на денот на одржувањето на првиот круг од одржувањето на локалните избори, 15 –ти октомври канцелариите на народниот правобранител ќе бидат отворени од 7’00 до 19’00 часот за сите граѓани, се со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права. Изборните нерегуларности, освен лично во канцелариите, граѓаните може да ги пријават и телефонски. Во соопштението испратено до медиумите од народниот правобранител Иџет Мемети, тој ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество. Во таа насока, Мемети апелира до сите, а посебно до надлежните органи, да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено.

Утре во Република Македонија во првиот круг од локалните избори правото на глас имаат 1.814.644 гласачи.

Извор: ТВ Нова

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Трогaтелнаа исповед: Ја оставил еден час пред венчавката: Eден час пред олтарот влетал и го изговорил ова

Синди Маисонев секој ден се сеќава детелно на денот кога требало да се омажи за својот вереник, момчето кое го запознала пред две години,...

Ефтов до ВМРО-ДПМНЕ: Мислите дека америkанците се глупи и ништо не гледаат што правите, вие мора да се дистанцирате од Груевски ако сакате да...

Прочитајте ПОВЕЌЕ во продолжение Тој дел што ќе остане од ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се одземат гласовите кои ќе завршат на контото на Левица, ќе се...

АГНЕСА: Не правев естетски корекции: По интимност од скоро 20 години, нормален маж нема да ја нарече сопругата „фотошоп барбика“

Агнеса Органџиева, поранешната сопруга на Роберт Орданоски отворено во јавноста зборува за нејзиниот брак со екс-директрот на АЕК. Во последното интервју за ММС вели...

Васко Ефтов: Заев не сака Влада со ВМРО-ДПМНЕ, тој си го сака Мицкоски во Белата палата

Ако сакаше ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, мораше да направи дисконтинуитет со груевизмот. Се додека не се направи дистанцирање од Груевски, овој Зоран...

Дневен хороскоп: Еден знак се наоѓа во тешка ситуација

ОВЕН Се обидувате со нови, поинакви и револуционерни идеји да го подигнете нивото на работата. Моментално нема резултати. Брачниот однос е стабилен. Партнерот е...
- Advertisement -