fbpx
5 C
Skopje

Право па десно

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Пишува: Дино Блажески (Претседател на УМС на ВМРО НП)

Македонија и официјално политички најсиромашната држава во регионот, а камоли во Европа и светот. Проектот односно процесот на како што велат некои “девмроизацијата“ се покажа како успешен особено откако позади него застанаа и една навидум десничарска партија но и таа, лево ориентираната. Пред една година во една од моите колумни го најавив “завршниот чин“ на уништувањето на десничарската мисла во ВМРО. Денеска само се докажува она од што најмногу се плашев, а тоа е немањето достојна спротиставена страна на левичарскиот блок кој патем денеска е побогат за уште една “голема“ (десна, демохристијанска) политичка партија.

Жал ми е што нејзините најголеми поборници, демохристијани како што и самите милуваат да се наречат не ја увидоа својата грешка и не го запреа процесот на уништувањето на десната политичка мисла во овој ионака сиромашен партиско-политички простор.

Години наназад пак друга помала чисто – десничарка опција предупредуваше за последиците кои се чувствуваа односно кои произлегоа од таквиот процес и го нагласуваа токму тој аспект од политичкото живеење се со цел да го разбудат ионака заспаниот народ позади себе.

Па така наместо денеска да зборуваме за враќање на благосостојбата во државата, достоинството и моралните вредности кои се во крајност дерогирани ние ќе мора да размислуваме и за враќање на чистата десничарска мисла како дел од партиско-политчки избор за кој народот треба да го препознае како свој, односно враќање години наназад кога Македонија сефте се запознаваше со нештата  кои треба да се слободен избор т.е. нешто за кое природно човек има право да поддржи.

 

Врз сето ова надежен е моментот на освестување и  будење на младата и перспективна мисла во засегнатите политички партии па можам да кажам дека десницата (она што остана) во Македонија и има на кого да се потпре.

Промените се неминовен и потребен процес кој и самите гледаме дека без разлика врз каков принцип ќе се одвиваат, кога-тогаш ќе се остварат и изградат во нова партиско-политичка мисла која во секој случај ќе донесе свежина и искристализирано чувство на идеолошка припадност односно враќање кон идеолошките принципи врз кои се базираат во случајов десните политички партии, а  во моментов се пронаоѓаат само две, ВМРО-Народна партија и ВМРО-ДПМНЕ.

Факт е дека двете политички партии иако статутарно би требало да преставуваат иста идеологија, се далеку со поразличен концепт на делување особено од идеолошкиот аспект. Тоа не е нешто ново и непознато но е штетно особено кога станува збор за “поголемата“ и ако се знае фактот дека последнот период  со “идентитетска криза”сериозно застрани кон лево. Долгиот период на внатрешно молчење само ја дотолчи здравата десничарска мисла и допринесе за нејзино искоренување па затоа и денеска ДПМНЕ е во најдлабоката внатрешна криза од формирањето.

Заразлика од претходните, во ВМРО-Народна партија пак прцесот на промени и освежувања не е нешто ново, но во секој случај е клучен за идното работење како сериозна десничарска опција.

Сигурен сум во тоа дека и двете политички партии имаат нешто заедничко, а тоа се младиот, лојален, преспективен и идеолошки поткован кадар кој патем преку подмладоците се калемел цело ова време додека траеја премрежјата и на Македонија како држава но и на партиско-политичките субјеки кои функционираат врз база на идеологии особено оние десните. Па нема да им биде многу тешко при препознавањето на грешките на нивните претходници т.е. изнаоѓањето на решенија за решавање на оние суштествените проблеми кои пак сеуште ја мачат нашата татковина.

Сето ова зависи од демократскиот пристап на самите лидери на политичките партии, кој за едните е мисловна именка, а за другите пак чекор напред,  но и на младите кои во секој случај водени од искуството но и идеолошкиот пристап претставуваат мотор на секој партиско-политички субјект па процесот на рестртуктуирање и реидеологизирање би требало да оди со забрзано темпо.

Сето ова не е никаква реклама ниту пак критика туку само произнесување по однос на нешто суштествено и природно бидејќи “…промените се природна појава. На Македонија и требаат промени, за да биде развиена, стабилна и единствена – како природата.”

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Огнен Јанески: Девојчињата и жените нема што неkому да полагаат сметkи за својата приватност

Фејсбук статус на Огнен Јанески Оваа држава отсекогаш функционирала во полза на криминалците, на девијантните, на опасните, наместо да се грижи за жртвите, за повредените...

Владата започна постапка за набавка на дополнителни 200.000 дози вакцина против КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19. Со...

Најнова вест: Британскиот сој на коронавирусот регистриран во Македонија

Од Министерството за здравство информираат дека денес при при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика...

Раkoт вљубен и посесивен, таjни непријатeли саkaaт да му наштетат на лавот

Ако се занимавате со приватен бизнис, ве очекува успех во областите врзани со хуминитарна или уметнички дела. Бракот е стабилен. Брачниот партнер разбира дека...

Германија воведе нови построги правила за влез

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез...
- Advertisement -